Напаѓачот е уапсен
Двајца полицајци ранети со нож во Лондон
Непознато лице утринава избоде двајца полицајци на плоштадот Лестер во Лондон, каде што има многу туристи, соопшти полицијата.
Двајца полицајци се повредени денеска во напад со нож на улица во центарот на Лондон, а напаѓачот е уапсен, соопшти тамошната полиција.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, за Би-би-си изјавил дека нападот нема врска со тероризам и дека ниту еден од повредените полицајци, кои се пренесени во болница, не е во животна опасност.
Нападот се случил на плоштадот Лестер, каде што има многу туристи, но не во близина на Вестминстерската палата, каде илјадници луѓе чекаат во редици за да ѝ оддадат почит на кралицата Елизабета Втора, јавува „АП“.
И напаѓачот по апсењето е во болница.
Полицијата ги истражува околностите на овој напад.


