Разговори за касарна со колектив Архрид
Поранешната охридска касарна има огромен потенцијал за парк шума кој со мала интервенција може да прерасне во супер простор. Оваа и други визии за просторот на касарната ќе бидат изложени на првиот настан „Разговори за касарна“ во организација на колектив Архрид.
„Во секој случај треба да има конкурс, треба да има приоритет за реупотреба, имаме постојни потенцијали, инфраструктура, зеленило и објекти кои би требало да имаат приоритет за употреба, така што потенцијалот кој касарната го носи би требало да биде искористен пред да интервенираме со некој нов објект.“,вели Иво Лазароски од колектив Архрид.
Во рамки на презентацијата излагање ќе има претставник на Касарна Хаб кој ќе ги даде нивните мислења за просторот, потоа излагање на Архрид, запознавање со јавноста, потоа ќе следат стручните истражувања во кои има магистерска теза која го опфаќа просторот на касарната. На крај ќе зборува Проф Др. Мишко Ралев претседател на асоцијација на архитекти на Македонија.
„Целта е да се подигне свеста на јавноста за овој простор, квалитетите на вој простор како и да се дадат стручни мислења, за квалитетие на местото касарна и на крај потребен е меѓународен архитѕектосно урбанистички конкурс кој е неопходен за правилно истражување, правилни анализи на местото, со што би можеле да добиеме севкупно истражување кои ке родат добри решенија во склоп со контекстот“., смета Филип Спасески од колектив Архрид.
Архрид како колектив на млади архитекти сметаат дека треба стручниот став за актуелни теми да излезе на површина, впрочем какво што е прашањето со касарната.
Затоа ги повикуваат охриѓани да присуствуваат на настанот „Разговори за касарна“ оваа Сабота, 17 септември во 18:00 часот во просториите на KASARNA HUB и да се вклучат со свои идеи со цел зачувување на последната зелена оаза во градот.