На потег МВР за полигонот за обука
Охридските кандидати за возачи реагираат дека им се пролонгира времето за полагање возачка дозвола. Чекаат да биде пуштен во употреба современиот полигон за обука на автошколите. Полигонот за потребните обуки и за полагање не се користи два месеци. Причината за застојот од ЈП „Охридски комуналец “ ја лоцираат во чекањето решение за стопанисување од Министерството за внатрешни работи по неговото реновирање од нивна страна. Од 29 јули, со одлука на охридскиот градски совет, полигонот е даден на стопанисување на ЈП „Охридски комуналец“ од дотогашното ЈП „Градски гробишта“. ЈП „Охридски Комуналец“ за да стопанисува со полигонот мораше да направи осовременување на полигонот, појаснува директорот Сашо Најдески.
„Во смисла да се обезбеди сигнализација, технички работи којшто за краток период беа одстранети. Содржините недостасуваа за нормалано да се овзоможи користење на полигонот и да биде прегледен за луѓето кои ќе вршат обука“, вели Најдески.
Охридскиот полигон го користат за обуки 6 авто школи.Т ие со години чекаа современ полигон за авто обука за нивните кандидати. Во меѓувреме, полигонот доби современи, стандардни услови за работа којшто се пропишани со закон. Засега нема најави дека вложувањето во полигонот ќе има финансиски импликации врз крајните корисници. Од ЈП уверуваат дека за користење на современиот полигон нема да има промена на цената за негово користење.
„Цената за негово користење ќе е иста нема да има промени. Нема да има финансиско оптоварување ни за авто школите ни за кандидатите за возење“, кажува Најдески.
Од ЈП „Охридски комуналец“ чекаат да го добијат решението од Министерството за внатрешни работи за да стопанисуваат со полигонот и да склучат договори со Авто школите. Од 19 август е направен записник во кој е констатирано дека се одстранети сите укажани недостатоци на полигонот, вели Најдески.