Охрид дел од иницијативата Младите во фокусот
Да се поттикне соработката меѓу локалната и централната власт, со вклученост на граѓанскиот сектор во доменот на младит, со цел нивно поголемо учество во креирање на општествените политики и подобрување на нивната положба е целта на Иницијативата „Младите во фокусот“ на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на РСМ.
Координаторката на Клубот, пратеничката Моника Зајкова и претставникот на Институтот за добро управување и евроатлански перспективи Бојан Кордолов денеска остварија средба со локалните чинители во младинските политики во Општина Охрид. Од градоначалникот , преставници на локалната , советници во Градскиот Совет, локалниот младински совет и младински граѓански организации тие слушнаа ставови и размислувања за темите кои ги обединува иницијативата, градење на капацитетот на локалниот младински совет и предизвиците на имплементација на Законот за младинско учество .
Општина Охрид има формирано локален младински совет, избрана е организација која че раководи со младински центар за кој општината отстапи простории кои се во фаза на опремување. Донесена е програма за работа и одреден е буџет за нејзина реализација, кажа на средбата раководителот на Секторот за млади и невладини организации, Димитар Спасески.
„Ние нема да ги ограничиме во тоа колку средства ќе им дадеме туку секоја нивна идеја која се подготвени да ја испланираат, буџетираат, реализираат ние како локална самоупправа ќе пронајдеме начин да ја поддржиме.“– Димитар Спасески.
Охридскиот локален младински совет до крајот на годинава треба да реализира два проекти за почеток на неговото функционирање.
„Едниот беше спроведување анкети, дискусии со училишни и младински заедници за тоа колку младите сакаат да останат тука колку ја гледаат перспективата тука. Другиот проект е урбаната уметност на некој начин да се даде малку простор на таа субкултура и алтернативност.“, кажа Јован Цветкоски, Претседател на Локален младински Совет Охрид.
Претседателот на НВО Инклузија, Вахид Мемед, упати критика до локалниот младински совет.
„Не се согласувам дека локалниот совет добро функционира и дека тука треба да се направи реорганизација и ние како здружение Инклузија ќе бараме реорганизација затоа што локалниот совет е многу затворен, односно не е отворен за младите.“, кажа Вахид Мехмед.
Сите забелешки кои се позитивни, конструктивни, во насока на подобро функционирање на младиснкиот совет треба да бидат имплементирани и поддржани , кажа советничката Живка Ангелоска.
„Би сакала покрај програмите кои што ги усвоивме да имате што повеќе иницијативи, предлози, затоа што верувам дека ниту еден советник нема да даде црвено светло на сето она што е издржано и може да се реализира и ќе биде на општо задоволство на сите граѓани.“-Живка Ангелоска.
Охрид е една од ретките општини којашто има и формиран младински совет и млдински центар, што е за поздравување , истакна пратеничката моника зајкова. Таа ги покани претставниците на младинскиот совет и организации да ги искористат можностите кои ги нуди Клубот за младински прашања и политики при Собранието.
„Само ако соработуваме на централно и на локално ниво со искрена намера може да ја вратиме довербата на младите во институциите. Тоа е нашата идеја, да може да ја вратиме довербата и да работиме на подобрување на целокупната младинска политика и вклученост на младите во општествените и политичките процеси.“, потенцираше пратеничката Моника Зајкова.
Во престојниот период во рамки на клубот ќе биде организирана јавна дебата на која ќе бидат присутни претставници на локаланите младински организации за да ги презентираљат проблемите со кои се соочуваат во своите градови, како и нивните ставови по однос на законски решенија кои се од нивен интерес како Закон за средношколксо организирање и Законот за младинска работа.