Дизелот поевтинува за 3 денари
Регулаторната комисија за енергетика одлучи за 1,38 проценти во однос на претходната одлука да го поевтини дизелот, додека цената на бензинот останува иста.
Ова значи намалување на цената на дизелот за цели три денари за секој литар во однос на претходно, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат.
Од ноќеска на полноќ Еуродизел ќе се точи по цена од 92 денари по литар, додека Еуросупер БС 95 и Еуросупер БС 98 ќе се продаваат по истата цена како и досега, односно 84,50 денари за БС 95 и 87 денари за секој литар БС 98.
Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат поскапување кај бензинот за 1,8 проценти, односно намалување кај дизелот за речиси четири проценти.