Skip to main content

Еразмус плус проект

Професори од неколку европски земји во Охрид

Професорите од повеќето европски земји беа во посета на Општина Охрид каде ги прими раководното лице на Секторот за образование.
 |  инфодеск  | 
Професори од европски земји

ОУ „Ванчо Николески“ од село Лескоец деновиве е домаќин на наставници и професори од Турција, Словенија, Италија и Србија. Тие се дел од ЕРАЗМУС ПЛУС проектот „Стратегии и присуство во училиште и бегање од часови“.

Целта на настанот е разменување идеи, мислења, ставови и стратегии за работата во училиште.

Професори

Професорите од повеќето европски земји вчера беа во посета на Општина Охрид каде ги прими раководното лице на Секторот за образование пред кого го образложуваа образовниот систем и начинот на функционирање на училиштата од матичната земја.