Skip to main content

Почетни активности

Двосменско работење на градинките?!

Откако ќе бидат завршени неколку процедури, иницијативата ќе биде ставена на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Градинка

Се преземаат почетни активности за воведување на двосменско работење во охридските градинки.

Вчера се одржал состанок помеѓу Советничката од редовите на Левица, Виолета Аврамоска која до Советот на Општина Охрид, поднесе иницијатива за двосменско работење на градинките, претседателот на Советот Сашо Донев и директорката на детската градинка „Јасна Ристеска“ Ирина Милеска.

На средбата било одлучено Директорката на градинката да побара одобрение од Министерството за труд и социјална политика за спроведување на анкета на територија на општина Охрид за потребата од двосменско работење на детските градинки на територија на Општина Охрид и да се изработи студија за потребниот персонал и финансиска анализа.

Откако ќе бидат завршени овие процедури, иницијативата ќе биде ставена на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид.