Skip to main content

Улица ристо чадо

Фатен дрвокрадец во Охрид

По преземени мерки на имот на улицата сопственост на Б.С., било пронајдено возилото, огревно дрво од околу 1,5 кубни метри и моторна пила.
 |  инфодеск  | 
Огревно дрво

На 20.09.2022 во 21:45 часот на ул. „Ристо Чадо“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид забележале патничко возило „митсубуши пајеро“ без регистарски ознаки како превезува огревно дрво.

По преземени мерки, на имот на улицата, сопственост на Б.С.(48), било пронајдено возилото, огревно дрво од околу 1,5 кубни метри и моторна пила. Возилото, дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.