Skip to main content

Нуркачки центар амфора

Историски знаменитости во Охридското езеро

Културно историски знаменитости во водите на Охридското езеро. Проектот е финансиран од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој.
 |  инфодеск  | 
Миќов град

Нуркачите од Нуркачкиот Центар „Амфора“ во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализираа проектот ,,Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“.

Тегули

Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QRкод туристите ќе можат да го погледнат видеото и да се запознаат со подводното културно наследство во Охридското Езеро.

Миќов град

На прикажаното видео можат да се погледнат подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов Град“, покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови – питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V- VI век, н.е).

Питос

Проектот е финансиран од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој.

Тегули

Во продолжение погледнете го видеото !