Регулаторна комисија за енергетика
Поевтинува дизелот
Дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар.
| инфодеск | Македонија
Дизелот од полноќ поевтинува за два денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цените на бензините и на мазутот останува иста.
Согласно најновата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 90 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 86 денари за литар. Цената на Еуросупер БС95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС98 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм.