Skip to main content

Усвоен предлогот

Парична помош за првоодделенците во Вевчани

Усвоен предлогот за доделување на парична помош на семејствата на првоодделенците во ООУ „Страшо Пинџур“ во Вевчани.
 |  инфодеск  | 
Ооу Страшо Пинџур Вевчани

На вчерашната седница на Советот на општина Вевчани се усвои ребалансот на буџетот на општина Вевчани.

Со усвојувањето на ребалансот се предвидоа и средствата за доделување на парична помош на семејствата со првоодделенци запишани во учебната 2022/2023 година во висина од 2000 денари во ООУ „Страшо Пинџур” Вевчани.

Оваа предлог одлука, Претседателот на совет Леон Даскалоски предложи да се измени и да се зголемат средствата во висина од 4 негови паушали од седници на Совет кои му следуваат да се распределат на сите првоодделенци.

На овој предлог се надоврза и советникот Леон Парталоски и се согласи и неговите паушали од 4 седници кои му следуваат да се распеделат на сите првоодделенци.

Со ребалансот на буџетот се обезбедија и средства за изградба на канализациона линија крак 3, крпење на ударни дупки на локалните улици, уредување на парковски површини, партерно уредување на дел од дворот во детската градинка – информира градоначалникот на Вевчани Спасе Кочоски.