Skip to main content

Кому да му се верува, а на кому не?

Граѓаните незнаат за кого да донираат финансиски средства а за кого не.

 |  Колоска Билјана  | 
pitac
питач

Граѓаните незнаат за кого да донираат финансиски средства а за кого не.

pitacПреголем е бројот на лица кои презентираат лажна документација за наводно лекување на блиски роднини, за да соберат финансиски средства. Последен ваков случај е регистриран кон средината на претходниот месец, информираат од СВР.

На кого да му се верува,  на кого не? Граѓаните збунети, дали во иднина да помогнат на лицата кои ќе им зазвонат на нивната врата и побараат помош за лекување, или пак за изградба на верски објекти. Откако во јавноста проструи информацијата дека  непознат маж, со документи и фотографија, одел
од куќа во куќа и бара парична помош за четириполгодишната Александра Ѓоргиевска, од село Јанковец, која на 10 август во Охрид падна од седми спрат и помина само со полесни повреди, граѓаните веќе не им веруваат на останатите лица кои ќе постапуваат на идентичен начин.

Граѓаните кои реално имаат потреба од финансиски средства неможат да ја соберат одредената сума пради големиот број луѓе кои измислуваат различни причини и бараат пари. Затоа препорачуваме да се обратат до нас и ние како и секогаш ќе им излеземе во пресрет, велат од Црвен Крст од Струга.

Голем е бројот и на луѓето кои питачат по улиците. Им нема крај и на оние лица кои собираат финансиски средства, презентирајќи лажна докумантација, информира портпаролот на СВР Охрид.


Димоски потенцира дека досега привеле и над 30-тина лица кои питачат по улиците, и ги транспортирале во нивните матични градови.
Во иднина следат акции за справување со ваквите појави,најавуват од СВР.

{loadposition content9}