Продолжуваат полициските акциски контроли во сообраќајот.
На 21-ви и 22-ри септември 2022 година, во периодот од 22 до 01 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачје на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 6 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (двајца во Охрид, во Струга 3-ца возачи и еден во Дебар). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.