Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја укина делумната забрана за движење во шуми и шумски земјишта заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.
Одлуката е спроведена на барање на Јавното претпријатие „Национални шуми“, откако претходно на 24 јуни годинава стапи во сила забраната за движење низ шумски предели поради зголемен ризик од шумски пожари.