Касарна хаб
Аудиција за Детскиот хор Бамбино во Охрид
Аудицијата за прием на членови во Детскиот хор „Бамбино“ ќе се одржи во просториите на Касарна хаб со почеток во 12 часот. Дечињата треба да подготват 3 песнички.
Утре во Касарна хаб ќе се одржи аудиција за прием на членови во првиот професионален детски хор „БАМБИНО“ во Охрид. Аудицијата ќе започне од 12 часот и е отворена за дечиња на возраст од 6-14 години. За аудицијата заинтересираните дечиња ќе треба да припремат 3 песнички.
Детскиот хор „БАМБИНО“ ќе биде под уметничко раководство на м-р Снежана Караџовска – Попова, професор по солфеж и историја на музика во Државното средно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец” во Струга.
Караџовска Поповска е долгогодишен познавач и истражувач на детскиот пејачки глас, која претходно во нашиот град го водеше Музичкото Катче „Центарот за ран музички развој на деца од предучилишна возраст“.


