Од Општинската организација на Црвен крст Охрид ги покануваат сите гимназијалци кои ги исполнуваат критериумите за донирање крв да ја покажат својата хуманост на претстојната крводарителска акција која ќе се одржи во среда од 9 до 12 часот во Службата за трансфузиона медицина.
Дарувајте ја вашата скапоцена течност и станете херој во очите на некој на кој таа му е потребна – велат од Црвен крст Охрид.