Изгор цени становите во Охрид
Големи пореметување се случуваат на пазарот на недвижности во Охрид. Расте побарувачката за купување станови, а цените за метар квадратен достигнуваат вртоглави суми. Изгор цени достигнаа и деловните простории во чаршијата. Висината на метар квадратен за стан ја надмина дури и oнаа во Скопје , како главен економски, административен и политички центар. Купувачите плаќаат за ново изграден стан во централното градско подрачје на Охрид и до 1800 евра за еден метар квадратен . За локации на крајбрежјето плаќаат цена и до 3000 евра, споделува Никола Иванчиќ од агенцијата за недвижности „Наш ваш дом“.
„Во последниот период побараувачката на станови е 100 посто зголемена, а понудата е намалена за 100 посто. Одобренија за градба се издаваат онолку колку што потребно,но треба да се внимава на демографската состојба после 15 години“, кажува агентот за продажба на недвижнини.
Агентот за продажба на недвижности, Иванчиќ, вели дека ова се несфтливи цени кои се вртат на пазрот. Висината на цените на становите не зависат само од локацијата, цената на чинење на градежните материјали или од глобалната криза туку се диктирани од домашни фактори.
„Тоа се нестабилниот правно-политички- економски систем и инфлацијата кои придонесуваат за состојбите. Не може на 50.000 евра годишно да се добива камата од 100 евра и да се чуваат пари во банка во овие турбулентни времиња. Ова е начин да се затвораат парите во купување стан “, напоменува Иванчиќ од АН „ Наш ваш дом“, вели Иванчиќ
На пазарот на недвижности нема интерeс за купување куќи иако има голема понуда. Годишно, едвај се продаваат пет- шест куќи , вели Иванчиќ. Исто така , нема плацевите за изградба и на куќи за кои цената достигнува висина од 700 до 1000 евра за метар квадратен. Во периферија за земјиште цената достигнува висина од 70 до 200 евра. Нема параметри како се одредуваат цените за градежното земјиште на кое ќе се гради, на која инфраструктура и какви објекти. Што се нуди во тие 700 или 1000 евра за метар квадратен? Уредени градежни плацеви нема, затоа што нема Детални урбанистички планови, нагласува Иванчиќ за состојбите на пазарот со недвижности кои со децении остануваат со истите проблеми.