Skip to main content

Вселенско летало на наса

Дарт успешно се судри со астероид

Прв обид на човештвото да придвижи друго небесно тело. Целта е да се види дали голем астероид кој се движи кон Земјата може да се пренасочи.
 |  инфодеск  | 
Астероид дарт

Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“ на Земјата.

Необичниот настан се случил на околу 11 милиони километри од Земјата, на небесното тело познато како Диморфос, пренесува Би-би-си.

Тоа е прв обид на човештвото да придвижи друго небесно тело, а целта е да се види дали голем астероид кој се движи кон Земјата може да се пренасочи.

Леталото беше околу 100 пати помало од Диморфос, па затоа не го уништи астероидот. Наместо тоа, Дарт се надева дека судирот ја променил брзината и траекторијата на астероидот во вселената. Научниците очекуваат притискањето малку да го придвижи Диморфос и да го направи гравитациски врзан за Дидимос, поголемиот астероид во системот.

Влегуваме во нова ера на човештвото, ера во која потенцијално имаме способност да се заштитиме од опасен удар на астероид. Каква неверојатна работа. Никогаш не сме имале таква способност – рече Лори Глејз, директор на одделот за планетарна наука на НАСА, веднаш откако потврди дека вселенското летало Дарт успешно го удрило Диморфос во првата „мисија за планетарна одбрана“.

Копнените опсерватории ширум светот, вклучително и вселенскиот телескоп Џејмс Веб, ќе го набљудуваат астероидниот систем во наредниот период за да потврдат дали Дарт успешно го променил движењето на астероидот.