Пензионерите од Охрид и Дебрца неприкосновени
Пензионерите од Охрид и Дебрца неприкосновени на неодамна одржаната пензионерска спортска олимпијада. Тие оваа година беа севкупни победници на 26-тите републички спортски игри. Втори беа спортистите од ЗП Тетово. Третото место им припадна на спортистите од ЗП Прилеп. Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, се неприкосовени не само на ниво на регион, туку и на ниво на држава. Досега вкупно имаат освоени 26 први места од одржувањето на спортските натпревари. Осум години по ред се прваци на републичко ниво со два трајни пехари.
„Беше задоволство да се види како оние кои го освојуваа првото место меѓу коим и ние имавме златни брознени медали. Кога на пензинерот на оваа возраст му се стави медал тоа е едно задоволство навистина прекрасно задовлоство“ кажа Ѓорѓи Трпчески – Претседател на ЗП Охрид и Дебрца.
Традиционално организатор на натпреварите е Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, а годинава домаќин беше ЗП Охрид и Дебрца. Оваа година на настанот присуствуваа и гости од Здруженијата на пензионери од Србија од Сојузот на пензионери на Србија и посебно од ЗП од градот Врање, како и од Синдикатот на пензионери од Република Албанија.
„Организациски во однос на овие активности кои ги организираме, ние сме многу подобри. Нашата држава е отидена многу понапред во однос на организирање на вакви настани и од Србија, Албанија и Бугарија и од останаттите соседни држави, ни сме на едно повисоко ниво“ објасни Ѓорѓи Трпчески – Претседател на ЗП Охрид и Дебрца.
На присутните на оваа спортска манифестација им се обрати и натпреварите за отворени ги прогласи претседателката на СЗПМ Станка Трајкова. Таа е прва жена претседател на Сојузот. Годинава на републичките спортски натпревари учество зедоа 280 натпреварувачи од вкупно 38 здруженија на пензионери од целата земја. Спортските подвизи ги следеа повеќе од 600 пензионери. Учесниците се натпреваруваа вкупно во 9 спортски дисциплини. Најдобрите понесоа златен, сребрен и бронзен медал. Пехарите, на претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, му ги врачи претседателката Станка Трајкова.