По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, ( петок, 30-ти септември), екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ темелно го расчистија просторот околу истоимената црква во населбата Лагадин.
Хортикултурно е уреден дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта со украсни садници од сопствено производство. Во изминативе денови максимално ангажирани околу расчистување на кејот. Поради засилениот јужен ветер големи количини реса, алга и други отпадоци секојдневно се натрупуваа по кејот и во крајбрежниот појас – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
„Со овие активности продолжуваме и во следните денови“, додаваат оттаму.