Се решава судбината на Раиконен
Претседателот на Ферари Лука ди Монтеѕемоло изјави дека во наредните недели тимот ќе одлучи дали ќе го задржи Кими Раиконен или за наредната сезона ќе го ангажира Фернандо Алонсо.
Претседателот на Ферари Лука ди Монтеѕемоло изјави дека во наредните недели тимот ќе одлучи дали ќе го задржи Кими Раиконен или за наредната сезона ќе го ангажира Фернандо Алонсо.
“Дали ќе имаме шпански или фински возач? Ќе ја донесеме одлуката во наредните неколку недели. Сигурно е дека имаме и еден Бразилец кој заслужува втора шанса, а фала му на Бога, добро му е”, изјави Монтеѕемоло одговарајќи на прашањето на еден студент за време на свеченоста на Универзитетот во Фиренца.
Говорејќи за бразилскиот возач, Монтеѕемоло потсети дека закрепнувањето на Фелипе Маса кој на трката за големата награда на Унгарија одвај ја преживеа тешката несреќа, оди според планот. Маса привремено го заменува Џанкарло Физикела.
Монтеѕемоло изјави и дека му е жал што е казнет долгогодишниот шеф на Рено Флавио Бриаторе.
“Во последните 20 години, Бриаторе направи многу за Формула 1. Зборуваме за сериозни и сложени работи, но се надевам дека наскоро казната ќе биде ублажена”, изјави Монтеѕемоло.
{loadposition content9}