Градежни активности
Забрането паркирање на ул. Даме Груев
Поради градежни активности, во понеделник на 3-ти октомври забрането паркирање на улицата „Даме Груев“ околу Старото кино.
Се известуваат жителите на улица „Даме Груев“ и останатите охриѓани дека во понеделник на 03.10. 2022 година околу потегот кај Старото Кино ќе започнат градежни активности за санација на фекалната канализација.
Поради тоа во тој ден ќе биде забрането паркирање возила на оваа улица.


