Охридски комуналец
Несовесни граѓани депонираат кабаст отпад
Повторно несовесни лица депонираат кабаст отпад на улиците низ градот Охрид. Екипите на Комуналец веднаш на терен, ги исчистија улиците.
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во акцијата која што беше реализирана викендов, од кабаст отпад ги исчисти улиците „Асном“, „Галичица“, „Јане Сандански“, бул. „Туристичка“, „Ариф Мустафа“, „Железничка“, „Кленоец“, „Цар Самоил“, „Кочо Рацин“, „Коста Абраш“ и населба Даљан.




