Денеска по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум“ привеле 53 годишен државјанин на Република Албанија.
При контрола во патничко возило „фолксваген туран”, со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Македонија кон Албанија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.