Skip to main content

Осум лица во тешка состојба

Труење со отровни печурки во Србија

Како што соопштија од ВМА, пациентите печурките ги набавиле од неовластен продавач и ги консумирале мислејќи дека се обични.
 |  инфодеск  | 
Отровни печурки

Во Националниот центар за контрола на отрови (ВМА) на Србија деновиве се примени десет пациенти со труење со отровни печурки, пренесуваат српските медиуми. Од пациентите, осум се во тешка состојба.

Како што соопштија од ВМА, пациентите печурките ги набавиле од неовластен продавач и ги консумирале мислејќи дека се обични. Но, тие потоа забележале дека печурките биле разновидни, со што им било потешко да ги препознаат.

Полицијата во Шабац ја уапсила М.Г.(72) поради сомнение дека претходните денови на пазарот во Шабац продавала печурки од кои неколку лица се здобиле со симптоми на труење, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Жената добила 48 часовен притвор и ќе биде сослушана во Основното јавно обвинителство во Шабац.

Полицијата запленила и одредена количина печурки, кои ќе бидат анализирани.

Од ВМА предупредуваат дека од оваа пролет во Националниот центар за контрола на отрови биле лекувани 26 пациенти со труење од печурки. Меѓу нив имало и трудница, но за среќа се поминало без посериозни последици.

Српските лекари апелираат до граѓаните да се воздржат од берење и консумирање шумски печурки, бидејќи земјата влегува во период на обилни врнежи кога се очекуваат повеќе печурки во природата.