Skip to main content

УСАИД

Три децении партнерство УСАИД и Македонија

Од Охрид стартува одбележувањето на 30 години партнерство помеѓу УСАИД и Северна Македонија. Од УСАИД ќе посетат 8 големи градови во земјава
 |  Голабовски Крсте  | 
Билјана

Американската агенција за меѓународен развој во Северна Македонија, УСАИД, годинава ја одбележува 30 годишнината од работата во земјава. Големата кампања на одбележувањето на овој јубилеј започнува токму од Охрид. Утре во 17.30 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, охриѓанката Марта Пејоска, ќе одржи мотивациски говор насловен како „Партнерството е сила“, а ќе биде одржана и модна ревија под наслов „Рециклирана убавина“ со Ирина Тошева. Во рамки на настанот ќе се одржи концерт на џез бендот на Музичката Академија при Универзитетот „Гоце Делчев”, а ќе биде откриен и муралот на струшкиот уметник Енкел Дика од Струга насловен како „Партнерство за подобра иднина“, а изработен со помош од учениците од средното училиште Св. Наум Охридски. Во рамки на настанот ќе биде поставена и изложба на фотографии насловена како „Живот поминат заедно”.

„Сакаме на овој начин да ја промовираме културата и културното живеење во Охрид, но и да кажеме преку овој мурал што ние сме направиле за охриѓани, градот Oхрид и за овој регион во изминативе 30 години. Од муралот може да се види дека сме инвестирале многу во развојот на туризмот, особено за развој на алтернативниот туризам, кога пред само шест години, Охрид беше центар на 160 светски туроператори, а Охрид беше мапиран како една од најпосакуваните дестинации за алтернативен туризам“ – вели Билјана Величковска Георгиевска- канцеларија за комуникации во USAID.

Во рамките на изминатите три децении, УСАИД, во партнерство со македонските граѓани, македонските институции, компании, здруженија и организации, посвети значително внимание и обезбеди поддршка за да го подобри квалитетот на животот во нашата земја преку различни проекти, допирајќи речиси до сите сегменти од општественото живеење. Станува збор за огромен број реализирани проекти од 1993 та година и 830 милиони американски долари инвестирани во развој на демократијата, економскиот развој и подршка на образованието кај нас.

Мурал

Вистинскиот предизвик, кој е исправен пред Македонија и светот, енергетската криза е поле на кое УСАИД веќе на овие простори со години работат. Со поддршката на Проектот на УСАИД на реформите во енергетскиот сектор и унапредување на состојбите во истиот, се создадоа услови да бидат повлечени споровите кои Енергетската заедница ги иницираше против Република Северна Македонија поради неусогласеност со Директивата за заедничките правила на внатрешен пазар за електрична енергија односно непостоењето на целосна либерализација на пазарот на електрична енергија како и поради неусогласеност со Третиот енергетски пакет на ЕУ.

„Во областа на енергетската ефикасност ние помогноавме за изработка на законот за енергетика во Македонија и негова усогласеност со оној на ЕУ. Погонавме да се воведат закони кои претходно не постоеја, за користење на алтернативни и обновливи ресурси на енергија кои во избилство ги имаме – посочи Билјана Величковска Георгиевска- канцеларија за комуникации во USAID.

Кампањата по повод трите децени на партнерство на УСАИД и Македонија, завршува во Скопје во месец декември, а во периодот од два месеци од канецларијата на УСАИД ќе посетат осум големи градови во земјава каде во фокусот ќе се најдат луѓе кои на одреден начин придоенеле за развој на својата општина со помош од УСАИД.