Skip to main content

Бријаторе го возвраќа ударот

Откако што доживотно му беше забрането учеството во автомото спортовите, Флавио Бријаторе е тешко погоден, а можеби и ќе ја тужи Светската автомобилска федерација.

 |  Крсте Голабовски  | 
Flavio Briatore
Флавио Бријаторе

Откако што доживотно му беше забрането учеството во автомото спортовите, Флавио Бријаторе е тешко погоден, а можеби и ќе ја тужи Светската автомобилска федерација.

Flavio BriatoreИталијанскиот „Плејбој“ е жртвеното јагне на Рено во аферата околу наместената Голема награда на Сингапур минатата година. Бријаторе беше прогласен за најголемиот виновник поради намерното удирање на Пике во ѕидот, по што ФИА доживотно му забрани учество во автомото спортовите, а Рено го исфрли од тимот.

Тешки денови проживува Бријаторе, кој по сите овие обвинувања очекувано се наоѓа во шок: „Потполно сум избезумен.“ – изјави 59-годишниот поранешен шеф на Рено и претходно Бенетон.

„Казната на Бријаторе е претерана, бидејќи доказите за неговата вина не беа доволно јасни и не му беше допуштено да се брани.“ – изјави Карлос Гарсија, првиот човек на Шпанската автомото федерација.

Според тврдењата на италијанските медиуми, Бријаторе ќе ја тужи ФИА поради нарушување на угледот, а се подготвува да организира свој шампионат, која ќе биде конкуренција на Формула 1.

{loadposition content9}