Договор за регулаторни измени со австрија
Газпром повторно ѝ испорачува гас на Италија
Русија ќе продолжи со испораките на гас за Италија што беа во прекин поради административен проблем во Австрија, соопшти „Газпром”.
Рускиот Газпром денеска соопшти дека ги обновува испораките на гас преку Австрија, главно во Италија, откако постигнал договор за регулаторни измени со Австрија.
Австрискиот оператор кажа дека е спремен да го потврди транспортот преку ЛЛЦ Газпром експорт, што ќе овозможи рускиот гас повторно да тече преку Австрија – наведува руската компанија.
Австриската влада соопшти дека Газпром сè уште не ги потпишал потребните договори.
Рускиот гас сочинува околу 10 отсто од италијанскиот увоз, што е значително помалку од претходните 40 отсто, а зголемен е уделот на гас кој Италија го увезува од Алжир и северот на Европа.


