Skip to main content

Масакр во тајланд

Поранешен полицаец убил над 30 лица

Според последните информации, наводниот напаѓач е поранешен полицаец кој исто така ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил.
 |  инфодеск  | 
Масакр во Тајланд

Најмалку 32 лица се убиени во пукотница во североисточна тајландска провинција, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.

Според полицијата, меѓу загинатите има деца и возрасни.

Според последните информации на тајландските медиуми, наводниот напаѓач е поранешен полицаец кој исто така ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил.

Тајландската влада објави дека инцидентот се случил во дневен центар во Нонг Буа Лампу.