Свр охрид
Охриѓанец фатен со хероин
Приведен е охриѓанец кај кого при извршен преглед пронајдена е опојна дрога хероин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.10.2022 во 11:10 часот на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(49) од Охрид.
При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога хероин по што е, приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


