Општина вевчани
Кочовски најави подобри услови во градинката
Дечињата од детската градинка „Планински цвет“ – Вевчани беа во посета на Општина Вевчани. Ги пречека градоначалникот Спасе Кочовски.
Во рамките на одбележувањето на „Неделата на детето“ под мотото „Ние децата имаме права и потреби“ денеска во посета на Општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски беа дечињата од детската градинка ЈОУДДГ „Планински цвет“ – Вевчани.
Во периодот што следи следуваат низа активности со цел подобрување на условите за престој во градинката. Децата го заслужуваат тоа – напиша градоначалникот Кочовски на официјалниот фејбук профил.



