Физичка пресметка
Тепачка пред локал на кеј Македонија во Охрид
Физичка пресметка помеѓу охриѓанец и жител на селото Волино, пред угостителски објект на кеј Македонија во центарот на Охрид.
На 06.10.2022 во 13:35 часот пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.С. од Охрид и Д.П.(21) од селото Волино, општина Дебрца.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.


