Skip to main content

Eпицентрално подрачје валандово

Земјотрес од 3 степени денес во Македонија

Земјотрес со локална магнитуда од 3 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево на 132 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.
 |  инфодеск  | 
Земјотрес

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, 07.10.2022 година, регистрираше земјотрес 132 km југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 14 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1 и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината.