ЕУ, што е тоа?
Граѓаните на Македонија не се едуцирани што значи да си дел од ЕУ.
Граѓаните на Македонија не се едуцирани што значи да си дел од ЕУ.
Незнаат како функционираат членките дел од европското семејтво, и кои би биле предностите ако нашата земја се вброи меѓу нив.
Граѓаните незнаат што значи да си дел од семејството на Европската унија. Жителите на Македонија речиси и воопшто да не се информирани кои се предностите да си членка на овој клуб, или пак како се креира политиката во рамки на унијата, велат добро упатените лица. Неинформираноста на граѓаните се должи пред се на тое што тие повеќе се интересираат за други работи кои ја засегнуваат државата, наместо влезот на земјата во ЕУ, вели Фани К. Паноска од Фондацијата „Институт Отворено општество Македонија“.
Вели, граѓаните се преокупирани со спорот за името наместо за процесот при влез на земјата во ЕУ.
Општа е впечатокот дека граѓаните не ги знаат предностите доколку нашата земја биде членка на Европската Унија. Тука ги вклучуваме и стружани, вели Паноска. Колку и да изгледа делечен патот за влез во ЕУ, сепак таа насока мора да ја следиме, вели Диме Голабоски од невладината организација „Aква“.
Во Струга, по втор пат се организира дебата под наслов „Со нашите пријатели поблиску до ЕУ“. Сегашните резултати во споредба со оние од првата трибина се далеку попозитивни.
Добредојдена е за сите граѓани, посебно за средношколците и студентите, признаваат тие.
На днешната трибина беа присутни и амбасодаорите на Словачка и Унгарија, земји кои од неодамна се дел од ЕУ. Тие на стружани им ги пренесоа сегашните искуства како полноправни членки на Европското семејство.
{loadposition content9}