Обилни дождови
15 загинати во поплавите во Венецуела
Во Венецуела од почетокот на годината има натпросечни врнежи, што се смета дека е поради временскиот феномен Ла Ниња, кој предизвикува заладување на делови од површинските води на Пацификот.
Венецуелските власти доцна синоќа соопштија дека 15 лица загинале по силниот дожд што во последните недели падна во земјата.
Според претходниот биланс од 1 октомври, пријавени се 13 загинати, додека три лица се водат како исчезнати.
Невремето предизвика поплави на околу 50 километри од Каракас, соопштија локалните власти, додавајќи дека спасувачката операција се уште е во тек и дека во некои делови од земјата нема струја.
Во Венецуела од почетокот на годината има натпросечни врнежи, што се смета дека е поради временскиот феномен Ла Ниња, кој предизвикува заладување на делови од површинските води на Пацификот.


