Skip to main content

Физичка пресметка

Тепачка пред угостителски објект на Железничка

Стружанец и охриѓанец се степале во угостителски објект на бул. „Железничка“. Во тепачката се вклучиле и уште неколку лица.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 09.10.2022 година 04:25 часот, пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(18) од Струга и В.М.(19) од Охрид.

Притоа се вклучиле и неколку други лица кои го нападнале В.М. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.