Градежни активности
Нова водоводна линија на ул. Дејан Војвода
Се поставува нова водоводна линија на крак од ул. Дејан Војвода. Средствата за проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Дејан Војвода“.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 56 м – информираат од ЈП „Водовод“.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.


