Во близина на плажа во охрид
Охриѓанец фатен со марихуана
29-годишен охриѓанец е фатен со марихуана во близина на плажа во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.10.2022 околу 13:00 часот на плажа во близина на Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиja од слобода Д.Ч.(29) од Охрид.
Полициските службеници кај него пронајдoa и одзедоа марихуана. Тој e приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


