На 09.10.2022, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 22 возачи на моторни возила.
Тие извршиле небезбедно престигнување на места каде тоа е забрането (Охрид-16, Кичево-6). Во Дебар санкционирани се 6 возачи кои ја надминале дозволената брзина на движење (во населено место-3, надвор од населено место-3) – се вели во соопштението на СВР Охрид.