Skip to main content

НОВ

Охрид го одбележува 11 oктомври

Денот на НОВ на Македонија е неизбришлив датум за генерациите кои доаѓаат. Симбол на македонскиот непокор, порача градоначалникот Пецаков.
 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид на свечена седница го одбележа 11-ти октомври, Денот на народното востание. Градоначалникот, Кирил Пецаков пред присутните претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, претставници од локалната самоуправа, советници, пратеници, граѓани упати честитки за овој голем историски ден за Македонскиот народ. 11-ти октомври е датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајќи ги темелите на идниот национален развој, кога се поставени темелите и се реализира вековниот сон за создавање на Македонска држава. Во сите периоди Охрид бил дел од историските настани кој ја одредија иднината на Македонскиот народ, рече Пецаков.

Во својот повеќе деценискиот слободарски од градот доживува континуиран национален, социјален, културен и научен развој којшто го продолжуваат неговиот сјај на културна и духовна метропола на македонскиот народ, а воопшто и на сесловенскиот свет. И покрај сите специфики на времето во кое живееме, сложеноста на состојбите во кои се наоѓаме, градот успева да ја сочува својата одлика да биде репрезент на целата македонска историја, традиција и култура – истакна градоначалникот Пецаков.

Историчарот, проф. Љубиша Машановиќ, потпретседател на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, пред присутните потсети на пожртвуваноста и храброста на народноослободителните борци и нивните заложби за она што го имаме денес. Сон на многу генерации кои оставија аманет е да ја чуваме со крв, спечалената слобода на нашата таковина, кажа Машановиќ. Порача, не смееме да дозволиме она што било создавано со векови да биде загубено за миг.

Сега кога имаме самостојна Македонска држава и долгоочекувана слобода, наша одговорност е да не дозволиме нивните жртви да станат залудни. Храброста се покажува кога треба да се жртвува животот за татковината , но храброст е и тогаша кога треба да се живее за неа – рече Машановиќ.

На свечената седница беше изведена културно – уметничка програма во која учество имаа ученици од охридските училишта. Утре, на денот на востанието ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во градскиот парк, во дворот на Основен суд и средното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и на градските гробишта.