Skip to main content

Прес конференција

Бакраческа : И по 8 години го нема автопатот

Заклучно со месец август требаше да биде готова делницата од Требеништа до Охрид, но како што може да се види, иако беше најавувано, сè уште не е во функција.
 |  инфодеск  | 
Бакраческа Петкоска

Поради неспособноста на Владата предводена од СДСМ сагата со изградбата на автопатот продолжува и по 8 години не се знае кога ќе се вози по автопатот кој досега чини 684,7 милиони долари, а никаде го нема, истакна пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Грација Бакраческа на денешната прес конференција која се одржа кај „Свети Еразмо“, на автопатот Кичево-Охрид.

Се наоѓаме во близина на манастирот „Св. Еразмо“, на делницата Кичево-Охрид. Заклучно со месец август требаше да биде готова делницата од Требеништа до Охрид, но како што може да се види, иако беше најавувано, сè уште не е во функција. Оттука се гледа дека немаат ниту капацитет, ниту визија, ниту план за развој на државата. Автопатот е важен за Република Македонија со цел инфраструктурно поврзување, забрзан економски развој и развој на туризмот во регионот. Со оваа ненародна и предавничка власт има за жал човечки жртви, застој, бавна динамика и зголемени трошоци, казни и фрлени пари, само автопатот никаде го нема.

Премногу е! Ова мора да има крај. Време е за одговорна Влада – порача пратеничката Бакраческа на прес конференцијата.