Skip to main content

Ден на народното востание

ВМРО ДПМНЕ Охрид го честита 11 октомври

Делегација на Општинскиот Комитет се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето од НОБ во градскиот парк.
 |  инфодеск  | 
Положување цвеќе пред НОБ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.

„11 Октомври е симбол на идеалот за Македонија и патриотизмот. Оруженото востание против фашистичкиот окупатор е одек на хероизмот на македонскиот народ и борбата за независна и слободна Македонија. Делегација на Општинскиот Комитет се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето од НОБ во градскиот парк. Нека е вечен празникот 11 Октомври! Нека е вечна Македонија“, се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ Охрид.