Филм
Само ѓаволот се плаши од вода
Во Центарот за култура „Григор Прличев”, денес со почеток во 20.00 часот се прикажува краткометражниот филм „Само ѓаволот се плаши од вода”.
Во Центарот за култура „Григор Прличев” – 12.10 (среда) со почеток во 20.00 часот се прикажува краткометражниот филм „Само ѓаволот се плаши од вода” во режија на Лидија Мојсоска,влезот е слободен.
Пријателството помеѓу Борис и Кира е е ставено на тест,кога Борис по сугестија на баба му почнува да се сомнева дека другарка му е под влијание на ѓаволот.Со ова нивното пријателство се доведува под прашање.Главните улоги ги играат младите Ангел Ристоски и Анастасија Јованоска.