Вевчани
Нов лик за улицата Шопев мост во Вевчани
Привршуваат подготовките за комплетна реализација проектот за реконструкција на локалната улица “Шопев мост” – Здравствен Дом Вевчани.
Привршуваат подготовките за комплетна реализација проектот за реконструкција на локалната улица “Шопев мост” – Здравствен Дом Вевчани.
Согласно насоките и барањата од Светска Банка, извршено е целосното репроектирање на трасата, изработен е основен сообраќаен проект, како и други потребни елаборати за реконструкција на локалната улица во согласност со барањата на Светска банка.
Денес е објавен тедендер за избор на изведувач за реализација на градежните работи со што оваа дотраена и целосно амортизирана улица комплетно ќе се реконструира по завшрување на потребните процедури и склучување на договор со избраниот понудувач – изведувач.