Skip to main content

Производство на автомобилски делови

Во Струга отворена канадската компанија Магна

Во технолошко индустриската развојна зона во Струга, денес свечено беше отворена првата фабрика на „Магна Мирорс” во земјава. Станува збор за канадска инвестиција од 35 милиони евра, која денес брои 350 вработени. Премиерот Ковачевски на отворањето рече одлуката одлуката Магна да отвори фабрика во земјава се должи на поволната бизнис клима во државата.
 |  инфодеск  | 
Магна

Отворена првата фабрика на „Магна Мирорс” во земјава. Станува збор за канадска инвестиција во вредност од 35 милиони евра, со погони распослани на 17 000 м2.  

Kомпанија која произведува автомобилски делови и за најзначајните производители на автомобили во светот, работи веќе една година во технолошко индустриската развојна зона во Струга, а брои околу 350 вработени.

Магна

Премиерот Ковачевски, рече одлуката Магна да отвори фабрика во земјава е поволната бизнис клима.

Одлуката да се отвори фабрика во нашата земја што ќе произведува делови и системи кои ќе се испорачуваат на најголемите светски производители на автомобили се должи на нашето членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, но и позитивната бизнис клима што ја создава државата. Да не се отвореше оваа компанија сите млади кои се тука вработени ќе требаше да одат да работат во некоја од земјите во ЕУ – рече Ковачевски.

Магна

Директорот на ТИРЗ рече изминативе 18 месеци во земјава има нови 620 милиони евра странски инвестиции.

Во рамки на тие инвестиции планирано е да се отвараат нови работни места 4 и пол илјади нови работни, граѓани кои ќе добијат можност за пристоен живот од почетокот на годината дополнителни илјада и 600 работни места се отворени. Целта е да видиме удвојување на обемот на странските инвестиции 14 илјади работни места да ги удвоиме, а на добар пат сме тоа да го направиме – рече Јован Деспотоски, директор на ТИРЗ.

Магна

Главно седиште на „Магна Интернешнл” е во Онтарио-Канада, планот е до 2027 година во струшките погони бројот на вработени да биде над 1300 лица.

Пред една година на средината на септември пристигнаа првите линии за производство и со тимот кој тогаш броеше 70 вработени започна инсталирањето на линиите за производство која една година подоцна има 350 вработени и 50 илјади произведени ретровизори, место каде ќе може вработените да се усовршуваат 10 посто од вработените напредувале во своите кариери – истакна Ванчо Петрушев директор на „Магна Мирорс” Струга.

Магна

Глобалната мрежа на Магна е распослана на пет континенти во 28 држави, а брои над 158.000 вработени.

Магна
Магна
Магна
Магна

Новинар : Соња Рилковска