Skip to main content

Триумф на Хамилтон во Малезија

Светскиот шампион Луис Хамилтон на Мекларен е победник на ноќната трка за голмата награда на Сингапур, 14. трка во светскиот шампионат во Формула 1.

 |  Крсте Голабовски  | 
pobednici
победници

Светскиот шампион Луис Хамилтон на Мекларен е победник на ноќната трка за голмата награда на Сингапур, 14. трка во светскиот шампионат во Формула 1.
SingapurПод рефлекторите на уличната трка во Сингапур, Луис беше без грешка од самиот старт на трката. Второто место му припадна на Тимо Глок а додека трет беше Френрандо Алонсо на Рено, Себастијан Фетел се пласираше на четвртата позиција а Батон заврши како петти пред Рубенс Баричело, неговиот најголем кандидат за титулата.

Најголемо разочарување денеска како и мноупати во текот на оваа сезона беше тимот на Ферари, Кими Раиконен се пласираше на 10. место а Џанкарло Физикела трката ја заврши дури како четиринаесети со тоа Ферари денеска не освои ниту еден поен.

Хамилтон ја забележа втората победа оваа сезона. Второпласираниот Фетел исто така имаша шанса да биде на највисокот место на пиедесталот, тој му беше едиснтвениот конкурент кој вршеше притисок на лидерот Хамилтон од почетокот па се до крајот на трката но Германецот поради пребрзо возење во пит стопот беше казнет од судиите. Тоа го врати од втората на четвртата позиција.

Најголемиот победник во Сингапур во секој случај е лидерот во шампионатот Џенсон БАтон, кој што го победи својот клубски колега Рубенс Барикело во битката за титулата. Од 11. позиција на стартот БАтон заврши на 5. место и со тоа има разлика од 15 поени во генералниот пласман на 3 трки до крајот.

Во генералниот пласман Батон има 84 поени пред Рубенс со 69 а додека третопласиран е Фетел со 59. Во битката за конструктори Браун ГП води со 153 поени пред Ред Бул со 110 и Ферари со 62 поени. Следната, 15. трка ќе се вози во Јапонија. Браун ГП најверојатно на патеката во Сузука ќе ја освојат првата титула во својата историја, во конкуренција на конструктори.


{loadposition content9}