Skip to main content

Финансиран од европска унија

Доцни проектот OHRID Go

За изградба на адреналински парк во Охрид кој е дел од Проектот „OHRID Go“, финансиран од страна на Европската Унија преку програмата ЕУ за општините, потребни се повеќе пари. На последната седница на Советот на Општина Охрид посветена на советничките прашања, советникот Ванчо Костоски од ВМРO Народна запраша зошто после една година на терен нема видливи резулати. Градоначалникот Пецаков, кажа дека со порастот на цените репроматеријалите потребни за изработка на паркот, потребни се и дополнителни финансиски средства.
 |  инфодеск  | 
Пецаков и Гир

Доцни реализацијата на проектот „OHRID Go“, финансиран од страна на Европската Унија преку програмата ЕУ за општините. Во рамки на проектот предвидена е реализација на Smart Ideas Hub, односно Старт – ап центар, Адреналински парк и Pump Up патека, како и Smart City Bike System каде ќе бидат набавени 60 смарт велосипеди, кои ќе бидат поставени на 10 докинг станици (паркиралишта), со што населението и посетителите на иновативен начин, преку посебна апликација ќе можат да ги користат во градот и околината.

Беше доста добро најавуван и јас го поздравив тогаш, но гледам дека нема ништо видливо, до каде се постапките, правните, папиролошките, бидејќи на терен не гледам ништо или можеби грешам. Би сакал да добијам една таква информација, има доста во тие програми, доста е една работа да видиме, зошто скоро една година помина, а нема видливо ништо – истакна Ванчо Костоски, советник од ВМРО НП.

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, кажа дека причина за доцнењето на реализацијата и на овој проект е економската криза во која се наоѓаме. Пецаков објасни дека постојат неколку начини за да се продолжи со реализација на проектот и дека во наредниот период јавноста ќе ги добие одговорите во која насока ќе оди реализацијата на проектот.

Тековно како растеа сите цени, растеше и цената на адреналинскиот парк заради материјалите потребни за конструкција и потребни се дополнителни 50-60 илјади евра за изработка на тоа. Имаме две опции, или да се измени големината и формата на паркот или да ги надополниме ние како општина и третата опција луѓето кои стопанисуаат со двата адреналински паркови во Македонија да стопанисуваат со овај, само што разликата би ја доплатиле тие – вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Инаку, во месец декември минатата година, Евроамбасадорот Дејвид Гир заедно со градоначалникот Кирил Пецаков, го посетија просторот на поранешната касарна, каде што е предвидено е да се имплементира проектот.

Имплементацијата на проектот започна на 1-ви декември 2021 година, a според најавите треба да заврши во рок од 30 месеци или до средината на 2024-та. Вредноста на овој проект кој се спроведува преку секторот за Локален економски развој, изнесува околу 700 илјади евра.