Skip to main content

Свр охрид

47-годишен охриѓанец ја искршил таблата на бугарскиот клуб

Рекламната табла со натписот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ ја искршил 47-годишен охриѓанец.
 |  инфодеск  | 
Оштетена табла

47-годишен охриѓанец ја искршил таблата со натписот на бугарскиот културен клуб.

На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување”, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III” поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам” на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид. Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР.