Skip to main content

Министерство за здравство

Пристигнаа 40 000 вакцини против сезонски грип

Во земјава пристигнаа 40 000 вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата е предвидено да започне во текот на следната недела.
 |  инфодеск  | 
Вакцина против грип

40 илјади вакцини против сезонски грип за ранливи групи население пристигнаа во земјава.

Во тек се законските процедури во МАЛМЕД, со цел спроведување на вакцинацијата, што е предвидено да почне во текот на следната недела. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата Абот од Холандија.

Од министерството за здравство ги повикуваат граѓаните од ранливите групи, како што се: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, по што ќе добијат смс порака со точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате. 

Воедно, Министерството за здравство испрати допис до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.