Skip to main content

Кривична пријава

Прилепчанец ширел говор на омраза на фејсбук

Кривична пријава доби 44-годишно лице од Прилеп, поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.
 |  инфодеск  | 
Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Тој на 12.06.2022, по објавен текст на социјална мрежа Facebook, од својот профил објавил пост со недолична и заканувачка содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.